Што ќе носат македонските модни блогери на Новогодишната ноќ: Марија и Мартина Бончаноски
Новогодишната ноќ се ближи и тимот на Штипка ве води низ празничниот лавиринт до вашиот идеален изглед за дочекот.

Марија
Од советите на дизајнерите и водичот за најдобрите пачиња достапни кај нас, се обративме и на македонските модни блогери да ни кажат што тие избрале да носат на новогодишната прослава.

Мартина
Двете сестри од Марија и Мартина го водат блогот Inside the B world несомнено спаѓаат меѓу најекстравагантните трендесетерки кои секогаш ги следат модните текови, секако во нивна интерпретација. Со задоволство ги прашавме кој е нивниот избор за новогодишната прослава, па инспирирајте се од нивната магија во црно:
Марија и Мартина:
Ова гоодина black is the new black и нас баш ни е мило, зашто црното е елегантно и мистично во исто време. И нормално за Нова година особено е дозволено светкаво. Еве ги нашите предлози:

Марија: целосен аутфит на Bershka и впечатлив ѓердан

Мартина:топ на H&M и панталони што се нејзина креација
Автор: Александра Спасеска


