Македонската Гранд ѕвезда се топи во прегратките на шармантниот сопруг – Те сакам љубов моја!
Никогаш посреќна, му одговори со емотивни зборови

Блескаше од среќа, но и од љубов
Некогашната натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Марија Груевска, имаше посебна причина за славење.
Имено, пејачката славеше роденден, а нејзиниот сакан сопруг Синиша и се обрати со мошне емотивни зборови.
Инстаграм/ Марија Груевска
„Среќен роденден, љубов моја. Со тебе животот има вкус, смисла и мир. Не сакам совршенство — те сакам тебе, таква каква што си… Ти си мојот дом, мојот хаос и мојот мир во едно. Те сакам повеќе отколку што зборовите дозволуваат!“, напиша Синиша
Тој оваа романтична порака ја сподели како опис на фотографија на која и двајцата позираат во костим за капење, по што следуваше и одговор од згодната пејачка со кој таа ги разнежи фановите.
Инстаграм/ Марија Груевска
„Те сакам љубов моја“, напиша таа.
Инстаграм/ Марија Груевска
Марија потоа сподели уште неколку фотографии, па покажи и какво изненадување доби од саканиот.
Инстаграм/ Марија Груевска
Пејачката не го криеше задоволството и среќата, па својата радост јавно ја сподели со бројните фанови на Инстаграм.
Инстаграм/ Марија Груевска
Потсетуваме, Груевска се прослави во една од претходните сезони на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Марија Груевска
Јелена Карлеуша тогаш ја нарече македонската Кардашијан, а за нејзините настапи се уште се зборува.
Посебно кога Марија на сцената се појави со огромна змија, па ги остави во шок сите во студиото, но и гледачите.
Инстаграм/ Марија Груевска
Таа по шоуто се омажи за своето момче кој цело време во „Ѕвездите на Гранд“ и беше голема поддршка, а за нивната свадба на која ги покани колегите од популарното шоу се уште се зборува.
Како Марија изгледаше и како невеста, потсетете се тука.