Познатата русокоса манекенка безуспешно се обидуваше да го сокрие трудничкиот стомак
Среќни вести што ги изненадија сите
Кендис Свинепул пред нешто повеќе од месец дена преку социјалните мрежи сподели дека заедно со својот сопруг очекуваат второ дете. Иако во претходната бременост манекенката постојано го покажуваше својот труднички стомак, овој пат ситуацијата е малку поразлична. Имено, преубавата јужноафриканска манекенка и нејзиниот партнер и колега, Херман Николи, се пресреќни поради нејзината втора бременост, но Кендис многу ретко се појавува во медиумите откако се дозна дека е бремена.
Таа овој пат беше забележана додека се шета низ Њујорк облечена во црн долг фустан, црн капут и сив „оверсајз“ шал, додека целата комбинација ја заокружи со необични чизми со нитни, плетена капа и очила за сонце.
Од комбинацијата повеќе од јасно е дека познатата манекенка сака да НЕ се издвојува премногу од околината, но кога ги забележа фотографите таа само го спушти погледот со рацете обидувајќи се да го сокрие стомакот.