Реклама
BEAUTYНега и здравје

Мандарини – го чуваат срцето и имаат антисептички својства

Реклама

Во текот на ладните денови, во организмот потребно е да внесувате што е можно повеќе витамин Ц, кој најмногу можете да го најдете во цитрусните овошки, како што се мандарините, лимонот, портокалот и грејпфрутот. Конечно е во тек сезоната на мандарините, па продавниците и пазарите се преполни со ова овошје. Зошто максимално да не ги иксористите неговите благодети?

Сто грама мандарини содржат само 34 калории и 30 милиграми витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалот. Мандарините потекнуваат од семејството цитруси, кората лесно им се лупи, а внатрешноста лесно се поделува. Расте на зимзелено стебло во висина од два до три метра. Таа ви нуди витамин Ц кој игра важна улога во вашето тело и е силен оксиданс кој ви помага да се ослободите од слободните радикали кои ги згрозуваат здравите клетки.

Маркетинг

Мандарината е добар извор на калиум кој го намалува крвниот притисок, го урамнотежува ритамот на срцето и го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Хранливите состојки во мандарините спречуваат насобирање на лошиот холестерол на ѕидовите на артериите, кој пак предизвикува срцев удар.

Еве некои од благодетите на мандарините:

Маркетинг
  • Штити од многу видови рак
  • Спречува стареење на кожата
  • Помага при лекување на рани
  • Го зајакнува имунитетот
  • Штити од дегенеративни болести
  • Помага во спречување на артритис
  • Го забрзува метаболизмот
  • Го намалува апетитот
  • Помага во сочувувањето на видот

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button