MAMAРецепти

Манастирска посна сарма – тешко дека гостите ќе си одат додека сѐ не се изеде

Ако мислевте дека сте ги пробале сите верзии на сарма, оваа ќе ве изненади. Многу пријатно!

Advertisement

Манастирската сарма важи за едно од најомилените посни јадења, а многумина велат дека ваков рецепт ретко се среќава.

Богата, мирисна и совршено сочна, оваа сарма е идеална за посни слави, како што е славата на 21 ноември Св.Архангел Михаил, но и за време на пости, за празнична трпеза или едноставно кога сакате топол, домашен ручек како од манастирска кујна.

Advertisement

Состојки:

1 кг кромид

1/2 кг праз

4 моркови

2 корена магдонос

1/2 корен целер

1 шолја соја трошки

1/2 шолја ориз

сол, бибер

ловоров лист

црвен мелен пипер

лут пипер

сув зачин

листови кисела зелка

2 дл масло

пекселс

Подготовка:

Ситно исечкајте го целото зеленчук и динстајте го на 2 дл масло, додавајќи по малку вода додека омекне.

Соините трошки прелијте ги со врела вода и оставете ги околу 15 минути да набубрат.

Во динстаниот зеленчук додадете го измиениот ориз и исцедената соја. Измешајте добро и зачинете по вкус.

На листовите кисела зелка исечете ги тврдите делови и завиткајте сарми со подготвениот фил.

Во тава на дното ставете неколку листови кисела зелка и наредете ги сармите.

На секој ред додадете неколку суви сливи и парчиња сушена пиперка (везенка), за да добиете богат, благороден вкус.

Долејте вода колку што треба за сармата да се „покрие“. Додадете ловоров лист и зрна бибер.

Печете во рерна околу 1 час и 30 минути на умерена температура.

Сервирајте и уживајте во богатиот вкус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button