Наши ѕвезди

Малкумина ги знаат овие детали од минатото на Сузана Спасовска – ќе се изненадите од овие работи

Не толку познати работи од животот на Сузана Спасовска

Advertisement

Еве зошто Сузе е една и единствена

Македонското златно грло, Сузана Спасоска, веќе со децении важи за една од омилените пејачки во нашата земја.

Advertisement

Но и покрај тоа што многумина ги знаат нејзините големи хитови, постојат работи од нејзината биографија кои не се толку познати.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

Имено, малкумина знаат дека Сузана е дипломирана економистка и дека сакала да биде оперска пејачка.

Но наместо оперска пејачка, Сузана станува нашето златно грло, која нашата народна песна ја негува од 80-тите години на минатиот век.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

Родена е во Скопје во 1964 година, а на почетокот од кариерата привлекуваше внимание и со својот интерен стил.

Па така во 90-тите сите зборуваа за нејзините ексцентрични комбинации, но и за необичните фризури што ги носеше.

Малкумина знаат и дека многу од необичните креации што таа ги носеше во тоа време, беа од работилницата на нејзината мајка.

Фејсбук/ Сузана Спасовска

Тогаш всушност и се создава митот за неа, односно се раѓа Сузе Национале, име кое таа со гордост и денес го носи.

Таа е една од ретките фолк-пејачки која во својата кариера има полнето големи сали, а пред повеќе од три децении, односно во 94 година, има дури четири последователни концерти во „Универзална сала“.

Уште еден куриозитет за неа кој денес исто така е многу малку познат е тоа што таа е првата и засега единствената македонска пејачка за која има напишано и театарска претстава – „Кој ја уби Сузана Спасовска?“.

Принтскрин/ Јутуб

Претставата предизвикала големо внимание, како во Скопје, така и во другите градови од внатрешноста на Македонија.

Таа е и една од ретките пејачки кои уште во тоа време полнеше сали и надвор од Македонија, па така има одржано солистички концерт и во „Домот на синдикатите“ во Белград, рушејќи ги стереотипите и бариерите дека пејач на народна музика од Македонија не може да одржи концерт во Србија.

Како изгледала македонското златно грло Сузе Национале во тоа време, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button