MAMAДом и семејство

Малиот Медиан ја доби најважната битка – Победничкото ѕвонче повторно одекна на Детската клиника (Видео)

Advertisement

На Клиниката за детски болести во Скопје денес повторно се слушна звук кој носи надеж – победничкото ѕвонче. Овојпат, него гордо го заѕвони малиот Медиан, уште едно храбро дете што ја заврши својата борба со тешка болест.

Во објава на официјалниот Фејсбук-профил, Клиниката ја сподели радосната вест и честитките за Медиан, истакнувајќи: „Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Медиан храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Медиан му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“.

Advertisement

Моментот беше проследен со аплаузи од медицинскиот персонал, кој со месеци се грижи за овие мали јунаци.

За Медиан и неговото семејство, ова ѕвоно значи нов почеток – чекор кон иднина без болнички соби и неизвесност.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button