Малиот Дамиан тргна по стапките на тато: Со три близначиња дома Папаз успеа да направи и песна!

Животот е како песна! Очигледно тоа е така во домот на семејството Папаз. Тој пред само неколку месеци доби три близначиња, но тоа не само што не го спречува да создава музика и да работи, напротив се чини дека дополнително го инспирира.
Лена, Луна и Лазар се трите бебиња коишто Папаз ги доби со својата сопруга адвокатката Наташа Атанасовска. Таа во емисијата „Мамавизија“ раскажа за тоа дека имала лесна бременост и дека одлично се снаоѓаат со три бебиња.
Доколку сакате овде можете да ја погледнете емисјата каде што Папаз раскажуваат за нивната принова.
Нашиот популарен музичар Горан Папаз е еден од најактивните артисти на нашата музичка сцена. Тој не уморно создава нова музика, дел е од многу успешни соработки, но оваа најновата претпоставуваме дека му е веќе и најдрага.
Дамиан, синот на Папаз од првиот брак, е талентирано момче коешто тргнува по стапките на својот татко.
Објавена е нивната прва заедничка песна со преубав наслов „Убав ден“.

„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, изјави Папаз.
Уживајте во прекрасната мелодија.