Модни совети

Малиот црн фустан се носи повеќе од 140 пати и „живее“ 11 години

Advertisement

Жените го сакаат малиот црн фустан бидејќи може да се носи во сите пригоди, се вклопува во секој стил, а црната боја делува заводливо и ја стеснува фигурата.

Advertisement

Според истражувањето на британската интернет страница, MyVoucherCodes, кое беше спроведено на 2100 жени со старост од 25 до 40 години, малиот црн фустан дефинитивно е најисплатливото парче облека во која што може да инвестира секоја жена. Во просек, малиот црн фустан откако ќе биде купен се носи 11 години, а за тоа време неговата сопственичка го носи повеќе од 140 пати, пишува Daily Mail.

Повеќе од 90 отсто од испитаничките има барем еден мал црн фустан во својот гардеробер, а половина од нив имаат од четири до шест модели. Тие се идеални за сите пригоди, а 60 отсто од испитаничките има омилен црн фустан кој што го носи само за специјални пригоди.

Advertisement

Жените го обожаваат малиот црн фустан бидејќи можат да го носат на работа, на излегување и за време на формални пригоди, осдносно затоа што со него многу лесно можат да го трансформираат својот изглед.

TOП 20 МАЛИ ЦРНИ ФУСТАНИ ЗА 2013 »

Извор: 24сата.хр, daily Mail

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button