Реклама
Нега и здравје

Малина – одлична против стареење и спречување на многу болести

Реклама

Малината е една од најпопуларните дудинки во светот.

malina

Малината е една од најпопуларните дудинки во светот. Малината има конусоидна форма, тежи од 3 до 4 грама и содржи од 80 до 100 ситни плодови, наредени во кружни слоеви. Малините содржат значително високи количини на фенолните флавоноидни фито-хемикалии, како што се: антоцијанини, елагична киселина (алфа-тианин), кверцитин, галичка киселина, цијанидини, пеларгонидини, катехини, кемпферол и салицилска киселина. Научните студии покажаа дека овие антиоксидантски соединенија имаат потенцијални здравствени придобивки во борбата против: рак, стареење, воспаленија и невродегеративни заболувања. Малините содржат антиоксидантски витамини, како што се: витамин А и витамин Е. Покрај гореспоменатите антиоксиданси, тие исто така се богати и со други флавоноидни полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин, во помали количини. 

Маркетинг

malina

Заедно, овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести. Малините се богати со витамини од Б-комплексот, како и со витамин К. Содржат солидна количина од: витамин Б6, ниацин, рибофлавин и фолна киселина. Овие витамини имаат функција на кофактори во телото, кои помагаат во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button