Реклама
Нега и здравје

ЧЕТКАТА ЗА ЗАБИ МОЖЕ ДА ВИ ГО СПАСИ ЖИВОТ: Наслагите на забите се поврзани со малигни заболувања

Реклама

 

Слична шведска студија

Маркетинг

И шведските експерти воспоставиле врска помеѓу оралната хигиена и ракот, ама истакнуваат дека неправилното четкање на забите (или недоволно често четкање) може да биде показател за други фактори кои се поврзани со рак, но тоа не мора нужно да биде причина за развој на рак.

Шведскиот тим проучувал речиси 1.400 поединци во текот на 24 години. На почетокот, сите испитаници биле во своите 30-ти и 40-ти, а биле тестирани за фактори за ризик од рак. Исто така е оценета и нивните орална хигиена: степен на наслагите на забите, болести на непцата и губење на забите.

Маркетинг

Ниту еден од испитаниците на почетокот немал болести на непцата, ама сите имале различни нивоа на наслаги на забите и непцата. На крајот на оваа студија било констатирано дека умреле 58 испитаници, од кои 35 проценти се жени, а од вкупниот број на смртни случаи причината за смрт била наслаги на забите во 35 случаи.

Жените, во просек, починале во 61. година, а мажите во 60., додека се очекувало жените да живеат уште 13 години, а мажите осум и пол години.
Како да се бориме против забниот камен

„Меката и лепливата храна ќе доведе до повисок процент на забен камен на забите (особено ако не се мијат добро), а тврдата храна (потврд леб, свежо овошје…) помалку ќе заостанува на забите и, генерално, ќе доведе до подобро функционирање на целокупниот орален систем.
„Покрај тоа, некои од лошите навики (пиење кафе, црн чај, обоени пијалоци како кока-кола или пушење) доведуваат до пигментирање на самиот камен, па тој станува жолто-кафеав“, објаснува д-р стоматолог Каја Гмаз.

Од голема помош за одржување на правилна орална хигиена може да послужи и забниот конец и интерденталните четки. Сепак, не постои правило кое вели дека забниот камен се развива само кај лица кои не се грижат за здравјето на усната шуплина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button