Еден просечен Французин дневно за јадење ќе потроши барем 100 минути, додека Американец само 60.
Според некои стручни лица ова е една од причините зошто во Франција има помалку дебели луѓе отколку што е тоа случајот со САД. Што мислите, кои се и другите фактори што влијаат на дебелеењето?
Доколку редовно вежбате, здраво се храните, а се уште не можете да симнете неколку килограми, тогаш треба да ги послушате следниве совети:
Вода и само вода
Исфрлете ги од вашето мени сите пијалаци како што се овошните сокови, газираните пијалаци и алкохолот. Според студиите, доколку пиете само вода неделно ќе внесувате и до илјада и петстотини калории помалку, т.е. ќе ги намалите за цели 6000 во текот на еден месец. Тоа воопшто не е мала бројка, нели?
Користете го сетилото за мирис
Можеби ќе ви звучи шашаво, но верувајте функционира (впрочем како и многу други шашави работи, нели?).
Според организацијата „Smell and Taste Treatment and Research“ пожелно е да ја мирисате храната бидејќи тоа ќе има исто дејство како да сте ја конзумирале. Ова е особено корисно доколку мирисате здрава храна, како на пример јаболките и бананите, бидејќи тоа ќе ви го контролира апетитот.
Запишувајте што јадете
Луѓето многу брзо забораваат што ќе изедат, па така многу често се случува да јадете од навика, иако не сте гладни. Затоа најдобро е да запишувате што сте изеле, а и да водите евиденција за внесувањето на бројот на калориите. На овој начин вие ќе внесувате до 15 отсто помалце од калориите што вообичаено ги внесувате дневно.
извор: magazin net