Малиот црн фустан е хит во секое време
Синди Бруна
Со него ниту една прослава нема да ја дочекате неподготвено, особено ако имате неколку добри варијанти во вашите плакари. Можете да ги носите како во дневни, така и во вечерни изданија, а со вистинските обувки и модни додатоци можете да бидете во центарот на вниманието каде и да се појавите. Или барем така да се чувствувате, а тоа е и она што е најважно нели?! Со нив многу лесно можете да го камуфлирате вишокот килограми, но и да го истакнете секој дел од вашето тело, особено ако изберете некои супер атрактивен модел од плиш, крзно, тил. Мошне популарни се моделите кои потсетуваат на ноќници, но и модели кои се зачинети со необични детали и кои ја пратат линијата на телото. Каков модел и да изберете, внимавајте само добро ви стои, и воопшто нема да погрешите. Тоа многу добро го знаат и овие девојки кои ќе ги видите тука, но и дизајнерите на комерцијалните брендови кои секогаш имаат интересни верзии од овој модел во своите колекции. Најдобрите парчиња, како и нивните цени, погледнете во галеријата што ви е „спакувана“ заедно со овој текст.
Хали Бери
Мелани Сајкс
види повеќе » |