Дом и семејствоПатувања

Мала Италија на Јадранот -водич за целосно уживање во Драч, бисерот на албанското крајбрежје

Драч е дестинација која нуди уникатна комбинација на историја, култура, плажи и гастрономија. Со прифатливи цени, гостопримливост и богатство на атракции, идеален избор е за патници кои бараат автентично искуство на Јадранот. Без разлика дали сте љубител на историјата, природата или добрата храна и плажи, Драч ќе ве воодушеви со својата автентичност и шарм.

Advertisement

Драч, вториот по големина град во Албанија, често се нарекува „Мала Италија“ поради својата архитектура, културно наследство и гастрономски влијанија кои потсетуваат на италијанската ривиера.

анплаш

Сместен на брегот на Јадранското Море, овој град нуди уникатна комбинација на античка историја, модерна урбана динамика и прекрасни плажи, што го прави идеална дестинација за патници кои бараат автентично искуство со европски шарм.

Advertisement
анплаш

Драч е еден од најстарите градови на Балканот, со историја која се протега повеќе од 2.500 години.

Задолжително посетете го Римскиот амфитеатар, изграден во 2 век од н.е., кој е најголемиот амфитеатар на Балканот и сведочи за значењето на градот во античко време.

принтскрин јутјуб

Драчката тврдина, изградена од византискиот император Анастасиј I во 5 век, се издига над градот и нуди прекрасен панорамски погледи кон морето.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Археолошкиот музеј на Драч, најголемиот во Албанија, содржи богатства од илирски, грчки, римски и византиски периоди, вклучувајќи мозаици и бисти на Венера.

принтскрин јутјуб

Плажи и природни убавини

Плажата на Драч е најголемата и најпосетуваната во Албанија, со должина од околу 10,5 километри. Со својот златен песок и плитка вода на почетокот на морето, таа е идеална за семејства и нуди бројни можности за рекреација и релаксација. Променадата „Волга“ е популарно место за вечерни прошетки, со многу кафулиња и ресторани кои нудат поглед кон морето.

принтскрин јутјуб
принтскрин јутјуб

Гастрономија и локални вкусови

Гастрономијата во Драч е комбинација на медитерански и балкански вкусови. Свежата морска храна е доминантна, со специјалитети како октопод на скара, пржени сардини и школки и морски плодови во бело вино.

пекселс

Од друга страна тука се и неодоливите традиционални албански јадења како бурек, јапрак (вид на сарма со лозови листови) и таве коси (специјалитет од јагнешко со ориз во јогурт и со јајца), кои се исто така широко достапни по евтини цени.

Специјалитети кои не се за пропуштање се и ферге (јадење со пиперки, домати, кромид и сирење) и шпеца ме ѓизе (полнети пиперки со сирење).

На пример, убава вечера со главно јадење, салата, десерт и пијалак во буџетски ресторан по лице чини од 6 до 10-на евра.

анплаш

За љубителите на слатки, трилеќето и традиционалното шендeтли (десерт направен од ореви, мед и цимет) се задолжителни за дегустација.

Кафето, во зависност од локацијата, изнесува од 0,5 -,1, 5 евра, додека пивото од 1,5 до 3 евра.

Сместување и буџет

Драч нуди широк спектар на сместувачки капацитети, од луксузни хотели до буџетски апартмани. Цените за ноќевање во хотел со три ѕвезди се движат од 40 до 50 евра, додека во високата сезона (август) можат да достигнат и од 60 до 80 евра.

принтскрин јутјуб

Градот е лесно достапен за шетање и разгледување со јавен превоз, такси и пешачки патеки. Јавниот превоз е евтин и ефикасен, со еднонасочен билет кој чини околу 0,4 евра. Пешачењето е одличен начин за истражување на историските улици и морската променада.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button