Вести

MAKПЕТРОЛ бара работници – Основна плата до 27.500 денари!

Advertisement

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува

О Г Л А С

Advertisement

За вработување на 4 (четири) работници на определено време од 5 (пет) месеци во „Макпетрол“ А.Д. Скопје, во Дирекција за одржување и тоа:

I. 1 (еден) работник на работно место општ работник во Одделение за преглед и сервисирање на плински боци и ПП апарати и одржување на водоводни инсталации.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено основно или повисок степен на образование;
Со или без работно искуство;
Возачка дозвола Б категорија;
Работа со рачен алат и друг електричен алат;
Работното време за горенаведеното работно место, е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

1 (еден) работник на работно место помлад бравар во Одделение за превентивно и тековно машинско одржување.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено средно стручно образование – машинскa/техничкa насока, машинобравар;
Работно искуство од 1 година;
Возачка дозвола Б категорија.
Работното време за горенаведеното работно место, е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 27.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

2 (двајца) работници на работно место помлад бравар во Браварско одделение

​Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено средно стручно образование – машинскa/техничкa насока, ;
Работно искуство од 1 година;
Возачка дозвола Б категорија (пожелно и Ц категорија);
Познавање на браварско-заварувачки работи;
Познавање од изведба на цревна инсталација.

Работното време за горенаведеното работно место, е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 27.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Препорака од претходен работодавач;​
• Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт:
Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, на работно место пожарникар – обезбедувач во Единица за ЗП и ПО – склад Кавадарци во Сектор за безбедност во Дирекција за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено средно образование – техничка насока;
Со или без работно искуство;
Лиценца за физичко обезбедување;
Уверение за стручно оспособување за пожарникар.
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.

Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Работата во смени, ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

• Писмо за мотивација;
• Кратка биографија;
• Копија од диплома за завршено образование;
• Копија од други стекнати дипломи и уверенија;
• Препорака од претходен работодавач;​
• Уверение од кривична евиденција.

Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт:
Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – СКОПЈЕ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button