MAKEДОНИЈА ТАГУВА Почина младиот шампион во кикбокс Марко Тодоров

На само 23-годишна возраст почина младиот шампион во кикбокс Марко Тодоров. Најблиските и фановите веќе се простуваат од Марко на социјалните мрежи.
„Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!“, напиша на фејсбук модната креаторка Ивана Кнез.
Јулија Костадиновска на својот фејсбук профил денес околу пладне сподели тажна вест во која вели:
-Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко.

Инаку Марко Тодоров беше македонски репрезентативец во кик бокс кој гордо го бранеше нашиот дрес на Европски и светски првенства.
Засега не се познати причините од кои настапила смрта. Вечна му слава.




