Македонското знаме повторно се вееше во Гранд – ова е победникот, но и најемотивниот момент во финалето
Овие тројца се победници во популарното шоу за ветерани

Заврши финалето на „Никогаш не е доцна“
Осмата сезона од шоуто „Никогаш не е доцна заврши“, а еден од победниците е ветеран од Македонија.
Во финалната вечер се натпреваруваа 12 пејачи кои дури во своите сериозни години решила да го остварат својот сон.
Со нивните емотивни приказни и сјајни настапи тие ја воодушевија публиката, а шоуто заврши со тројца победници.

По собирањето на гласовите преку Фејсбук, победата ја однесе Павле Витанов од Струмица, пејач кој своевремено се натпреваруваше и во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое пред само неколку дена победи уште една пејачка од овој македонски град, младата Славица Ангелова.

„За време на пандемијата свирев преку Фејсбук и тоа одлично беше прифатено, ми се исплати. Многу сум возбуден, На сите финалисти им честитам на сјајната борба и шоуто кое што го направија“, изјави Витанов.

Титулата победничка преку СМС гласови ја однесе Сабина Калтак која од шок и среќа ја преплавија емоции, а ништо помалку изненаден не беше и Петар Спасојевиќ кој беше прогласен за победник од страна н жирито.

Инаку, 51-годишниот Павле Витанов од Струмица победи со 34.5 отсто од гласовите на публиката на Фејсбук.

Статуата му ја додели Снежана Ѓуришиќ, а по победата не можеше да ги сокрие големата возбуда и изненадувањето.

Како изгледаше овој емотивен момент, погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов
Фото: Фејсбук/ Павле Витанов