Наши ѕвездиНовости

Mакедонско музичко востание на браќата Влатко и Златко Миладиноски – ова не смее да се пропушти

Пред Нова година, на 28 декември, Влатко заедно со големиот оркестар на Златко Миладиноски ќе одржат концерт во Борис Трајковски, а во емисијата „Кафе муабети“ откриваме зошто овој концерт ќе биде поразличен

Advertisement

Нашиот познат фолк-пејач Влатко Миладиноски во емисијата „Кафе Муабети“ на јутуб каналот на Гламур зборуваше за кариерата, песните, но и за големиот концерт што ќе го одржи на 28 декември во Скопје.

Влатко Миладиноски беше гостин во емисијата „Кафе муабети“ во која зборуваше и за актуелните случувања заради кои е во центарот на вниманието на медиумите во последните неколку недели.

Имено, Влатко откри детали за неговиот голем солистички концерт закажан на 28 декември во арената „Борис Трајковски“, за кој пејачот дека ќе биде вистинско македонско музичко востание.

Advertisement

На самиот почеток од разговорот откри и зошто покана за интервју за Гламур и гостување во емисијата „Кафе муабети“ никогаш нема да одбие.

„Секогаш со најголемо задоволство за вашиот портал, бидејќи вие сте апсолутно секогаш со нас, со македонската музика, особено со онаа фолк-народната музика“, изјави Влатко на почетокот од емисијата

Влатко пред Нова година, на 28 декември, ќе одржи голем концерт во арената Борис Трајковски, па сега откри зошто овој настан ќе се разликува од останатите и зошто ќе биде музички спектакл.

„Македонската песна најубаво звучи дома, каменот си тежи на своето место, нели? Најубаво звучи дома бидејќи од тука потекнува, иако секаде е убаво и слатко да се слушне“, вели Влатко за македонските песни, па го додаде и следново во врска со големиот концерт.

„Ова беше бурна година, започнавме со турнеја во Америка и Канада, два пати гостувавме во Турција, во азискиот дел, цела Европа. Концертот во Скопје во Македонската опера и балет помина прекрасно, заокруживме со концертот во Охрид, првиот фолк-концерт на античкиот театар. И еве по австралиската турнеја, како финале на 2025 година, на 28 декември ќе го одржиме за нас најголемиот концерт и првиот фолк-концерт во арената „Борис Трајковски“, вели Влатко за концертот што претстои.

„Ќе имаме многу музички гости, изненадувања, покрај оние редовните кои што јас ги нарекувам домашни гости. Гледачите знаат, ќе ме разберат за кого зборувам. Имаме уште еден кичевчанец, гостин, мој имењак, еве така ќе го најавам. Потоа уште едни браќа, треба да има уште едно музичко изненадување, меѓутоа, сега за сега, нема да откриваме. Ветувам и ги уверувам гледачите и моите следачи дека ќе биде навистина музички спектакл, ќе биде едно македонско музичко востание, дефинитивно“.

Пејачот потоа зборуваше и за стилот на музиката на кој му остана доследен, но и кој го наследи од својот вујко со кого се гордее. Станува збор за легендарниот македонски пејач, Војо Стојаноски, чии песни со децении траат и кои ги пеат и новите генерации.

Целото интервју со Влатко погледнете го во продолжение, но имаме и една молба до вас, а тоа е дека е да го заследите нашиот јутуб канал.

Само така ќе бидете навремено известени за сите најнови случувања и емисии, во кои заедно со вас, со вашите лајкови, коментари и споделувања, ќе ја промовираме македонската сцена.

Карти за големиот концерт на Влатко Миладиноски во Арената Борис Трајковски кој ќе се одржи на 28 декември може да купите на :

 

🔗 https://kupikarta.com/tickets.nspx?ev…

📍 Розе Веро 2
📍 ЈК Травел – Бисер
📍 ЈК Травел – Дајмонд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button