BEAUTYИнтервјуПортретиШминка
COVER STORY

Македонските жени се многу негувани, модерни и свесни за себе – бизнис приказни со Бети Цонева

„Бизнисот го развивавме чекор по чекор, со големо внимание кон деталите“, вели за Гламур Бети Цонева, сопственичка на „Студио Сикрет“

Advertisement

Бизнис интервју со Бети Цонева

Бети Цонева е сопственичка на салонот за убавина „Сикрет” кој опстојува успешно веќе 20 години. Таа е елоквентна и убава синоока дама која со голема страст и посветеност на бизнисот за убавина успеа успешно да ја плете приказната за Сикрет. И како што самата вели, нејзината приказна за Студио Сикрет започна со многу љубов да се создаде простор каде секоја жена ќе се чувствува убаво, негувано и посебно. „Почнавме скромно, со голема страст кон убавината и соништата еден ден да бидеме најдоброто студио во Скопје. Денес, по 20 години, со гордост можам да кажам дека таа визија стана реалност, вели Бети за Гламур, а што друго ни откри, дознајте во продолжение….

Advertisement

Приватна архива

Прашање: Вашето студио за убавина Сикрет постои веќе 20 години, како започна приказната?

Приказната на Студио Сикрет започна со многу љубов и визија за создавање простор каде секоја жена ќе се чувствува убаво, негувано и посебно. Почнавме скромно, со голема страст кон убавината и соништата еден ден да бидеме најдоброто студио во Скопје. Денес, по 20 години, со гордост можам да кажам дека таа визија стана реалност.

Прашање: Што те инспирираше да го создадеш студиото за убавина? И кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте во раните фази на започнување на бизнисот?

Инспирацијата дојде од желбата да понудам нешто поинакво – нешто што ќе го надмине стандардот. Во почетоците, најголем предизвик беше да се стекне доверба и лојалност кај клиентите, особено во време кога конкуренцијата веќе постоеше. Но, со квалитет, искреност и постојана едукација, успеавме.

Приватна архива

Прашање: Колку време Ви беше потребно да го развиете бизнисот?

Бизнисот го развивавме чекор по чекор, со големо внимание кон деталите. Потребни беа години работа, вложување и постојано следење на светските трендови, за денес да имаме водечко студио што поставува стандарди во индустријата.

Advertisement

Прашање: По што се издвојува Студио Сикрет од другите студија или центри за убавина кај нас?

Се издвојуваме по повеќе нешта, но пред сè по:

• Најдобрите солариуми MegaSun – најсовремена технологија за здрава, рамномерна боја.
• LPG третмани за слабеење – светски призната техника за обликување на телото.
• Нов луксузен фризерски дел со ексклузивни третмани за коса со Kérastase производи, што го издигнува нашето искуство на едно повисоко, холистичко ниво на нега.

Прашање: Која е највредната лекција што сте ја научиле во текот на вашата кариера?

Највредната лекција е дека успехот не доаѓа преку ноќ. Вистинскиот успех се гради со конзистентност, почит кон клиентот и постојана работа на себе. Токму тоа го обликува мојот пристап – секогаш да се стремам кон совршенство, но со човечка топлина.

Приватна архива

Прашање: Каков совет би им дале на аспирантите жени претприемачи кои сакаат да се пробијат во индустријата за убавина?

Верувајте во себе и никогаш не отстапувајте од вашата визија. Индустријата за убавина бара и страст и храброст – не плашете се да бидете различни и да вложувате во себе и во знаење.

Приватна архива

Прашање: Како одржувате здрава рамнотежа помеѓу работата и животот?

Рамнотежата ја наоѓам во добрата организација и поддршката од мојот тим. Научив дека да се грижам за себе – ментално и физички – е клучно за да можам да дадам максимум и на работа. Малите ритуали, како момент за себе, читање или масажа, ми помагаат да останам фокусирана и полна со енергија.

Прашање: Пред скоро време најавивте новитети во Вашето студио. За што станува збор?

Голема гордост ни е новиот фризерски дел, каде се нудат исклучиво луксузни третмани со Kérastase производи. Овој сегмент го воведовме со желба да понудиме врвна нега и за косата, како дел од целосното искуство на убавина што го нудиме во Сикрет.

Приватна архива

Прашање: Колку нашите жени се грижат за својата убавина?

Македонските жени се многу негувани, модерни и свесни за себе. Сè повеќе инвестираат во квалитетни третмани и се информираат за тоа што е најдобро за нивната кожа и тело. Навистина ми е чест да работам со такви клиенти.

Приватна архива

Прашање: Колку според Вас жените се носат рамо до рамо со мажите во бизнис секторот, постои ли дискриминација?

Сметам дека жените сè повеќе го заземаат своето заслужено место во бизнисот. Иако сè уште постојат предизвици и одредени бариери, упорноста, интелигенцијата и емпатијата кај жените ги прават извонредни лидери. Дискриминацијата сè помалку се толерира, а светот гледа колку сме силни.

Прашање: Постои ли одредена мантра или цитат што ја држите блиску до Вашето срце?

„Убавината започнува кога ќе одлучиш да бидеш своја.“ Оваа мисла ме води и ме потсетува дека автентичноста е најмоќната сила – како во животот, така и во работата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button