Наши ѕвезди

Македонските музички ѕвезди запеаја заедно за СОС Детско село – песна што ќе остави трага

Музички проекто со силна порака што ги обедини македонските музички ѕвезди.

Advertisement

Во чест на 25-годишнината од постоењето на СОС Детско село Македонија, создаден е музички проект кој носи силна порака за љубов, поддршка и детска радост.

принтскрин јутјуб

Намерата беше да се создаде нешто што ќе остави трага – дело кое ќе им припаѓа на сите деца поддржани од организацијата, но и на сите луѓе кои веруваат во големото значење на среќното детство.

Advertisement

Музиката и дел од аранжманот се дело на Игор Атанасоски – Харе, кој учествува и како гитарист. Во продукцијата се вклучени и Трајко Симоновски – Таци (бас гитара), Давор Јордановски (клавијатури и синтисајзер) и Мите Димовски (тапани, снимање и продукција), кој заедно со Атанасоски го потпишува аранжманот. Снимено и продуцирано е во студиото „Тралала“ во Скопје.

Музичкиот проект добива дополнителна тежина преку вокалните изведби на познати македонски музичари: Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Влатко Лозаноски – Лозано, Дани Димитровска, Сара Мејс, Стефан од дуото Некст Тајм, Антонија Гиговска, Пере од групата Нокаут и Мијата.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Режијата и продукцијата на видеото се дело на Александар Ристовски – Принц, кој преку визуелниот израз ја засилува пораката на проектот: секое дете заслужува да расте со насмевка.

Песната претставува траен симбол на хуманоста и вредностите што СОС Детско село ги негува повеќе од две децении – безрезервна грижа, поддршка и љубов за секое дете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button