Македонскиот водител сподели ретка семејна сцена – пристигнуваат честитки, Цаци пресреќна
Водителката не сте ја виделе во вакво издание...
Нашиот познат новинар и водител Александар Спасовски, сподели фотографија со својата сопруга Славица, а причината беше посебна.
Ова беше посебен ден за познатиот пар кој својата љубовна приказна ја „започна“ на главните вести на Сител (види тука), а со фотографијата што ја објавија ги воодушевија нивните пријатели и фанови.
Имено, Александар одвреме-навреме знае да сподели детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, а понекогаш ќе објави и фотографија на која е со сопругата која воедно му е и колешка во Сител.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Па така откако неодамна ги изненадија сите со фотографијата од прославата на 30 години постоење на Сител, Александар сега повторно сподели заедничка фотка, но овој пат со посебна причина.
Имено, Цаци славеше роденден, па нејзиниот сакан на овој начин сакаше да ја изненади и да покаже колку ја сака.
Инстаграм/ Славица Арсова
На фотографијата и двајцата се во опуштено издание, а Цаци насмеана до уши, и тоа не било какви, туку како на Мини Маус.
Таа позираше со венче со црвена панделка и ушињата од познатата јунакиња од цртаните филмови, а покрај неа блескаше и сопругот.
Потсетуваме, Цаци и Александар важат за складен пар, а нивниот брак започна откако новинарот јавно ја запроси во 2012 година.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Тоа се случи на вестите на Сител, кога Александар во живо ја побара раката на својата сакана, па таа немаше каде да бега. Тие од овој брак имаат ќерка, а позната е и мајката на Цаци, презентерката Розета Арсова (моминско Рајчиќ), една од најпознатите лица од МРТ и тоа уште од времето кога беше ТВ Скопје.