Македонскиот пејач ја расплака публиката во „Гранд“ – многумина во солзи додека тој пееше за мајка му
Мирослав Тодосовски песната ја посвети на својата мајка...

Мирослав Тодосовски Миро и овој пат ги воодушеви сите со својот настап во популарното шоу „Никогаш не е доцна“.
Тој настапи во дуел со Нисвет Јусиќ, а директно во следниот круг, според одлуката на жирито помина пејачот од Македонија, Мирослав.
Мирослав овој пат наместо со рок песни, настапи со легендарната „За Љиљана“ од Тома Здравковиќ која што ја посвети на својата мајка.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Тома го краси целиот мој живот, а и мајка ми се вика Љиљана. Пред година дена го изгубивме таткото, а колку грижи јас и нанесов, сé што ми остана од животот јас би дал за Љиљана“, изјави Миро пред настапот со што на многумина во публиката им ги насолзи очите.
По неговиот настап Мирослав доби громогласен аплауз, но и преубави коментари од сите претставници на жирито.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Мирослав, ти си еден фантастичен вокал кој го надминува овој вид на песна и ти не ја избра случајно и што е вонвременски хит, но ти можеш и многу помоќни песни да изнесеш како што се уверивме. Ти се најдобра комбинација од Босанец и Македонец, му порача популарната фолк-пејачка Неда Украден, а Маре му даде совет.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Со такво разбирање ги пееш овие песни, содржаен е животот пред и зад тебе и ако до сега беше по малку несериозен со својата кариера, јас те молам да бидеш посериозен“, искрено му порача Маре.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Мирослав Тодосовски Миро веќе со години живее во Словенија, а во една од претходните емисии публиката ја освои и со својата љубовна приказна. Имено, Миро е заљубен во 12 години помлада девојка, убавата поранешна тенисерка од Словенија со која планираат да се остварат во улога на родители.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Миро не крие дека во животот покрај музиката се занимавал со сė и сешто, а во првиот круг од емисијата изјави:
„Работев како келнер, на мене никогаш ништо не ми било тешко нешто да работам, продавав и весници на семафори. Првиот настап го имав некаде во 93-та година“, откри Миро порано во шоуто.
Како Миро звучеше на својот последен настап, погледнете во продолжение…