Македонски танчер е ѕвезда во новиот спот на Лејди Гага – браво за извонредниот Дамески (видео)
Живее во Лос Анџелос и е меѓу најбараните танчери во светот.
Мајкл Дамески е роден на 7 ноември 1995 година во Сиднеј Австралија од родители со македонско потекло Пецо и Неда Дамески. Кога имал 6 години, се пријавил на својот прв танцов натпревар во Aвстралиски танц идол, влегувајќи во топ 10 без никаков формален тренинг.
Во 2018 година, Мајкл учествуваше на големото телевизиско шоу Ворлд оф денс (World of Dance) освојувајќи го второто место.
По бројните впечатливи настапи насекаде низ светот, Мајкл почна да работи со најдобрите во танчерската и музичката индустрија.
Живее во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Сега пак, тој се најде во најновиот спот на Лејди Гага.
View this post on Instagram
„Кога сонот станува јаве“ – напиша Мајкл на својот инстаграм-профил.
Инаку, Мајкл, кој има македонско потекло, е еден од најдобрите танчери и кореографи во светот, но работи и како актер е и пејач.