Реклама
Култура[тор]

Македонски студент на пракса во лабораторијата каде беше откриена Божјата честичка!

Реклама

CERN (European Organization for Nuclear Research) е една од најголемите научни институции за нуклеарна физика во светот, место каде што пред точно две години беше откриена така наречената божја честица или поточно Хигсовиот бозон.

Маркетинг

Владимир Илиевски, кој се вбројува во студентите со највисок просек на ФИНКИ, ова лето беше избран за летна пракса во CERN со уште 340 други студенти од целиот свет. Во текот на 8 недели Владимир беше дел од PH-SFT одделот и работеше за ALICE колаборацијата (A Large Ion Collider Experiment). Проектот на кој што работеше беше развивање на Андроид апликација за мониторинг на мрежата од компјутери кои ги поседува ALICE за кој што имаше и своја презентација пред студентите. Покрај проектот 6 недели редовно следеше предавања поврзани со нуклеарна физика и учествуваше на најразлични работолници. Како дел од праксата беше и посетата на детекторите CMS и ALICE кои се најголеми и најсофистицирани детекори на земјата.

Напоредно со праксата, учествуваше и на CERN Webfest, 48 часовен хакатон, каде што со хуманитарниот проект “Terrain Elevation Determination for Refugee Camps” ја освои наградата “Best Innovative Project”. Со тоа си обезбеди учество на следниот хакатон кој што ќе се одржи на почетокот во Ноември во CERN.

“CERN е дефинитивно најдоброто место за пракса за еден студент од техничките факултети како ФИНКИ. За мене беше чест и задоволство да бидам дел од CERN и се надевам дека во иднина ќе имам повторно шанса да работам таму.” – вели Владимир.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button