Македонски инфлуенсер објави преубава вест – сите му честитаат, тој НИКОГАШ НЕ БИЛ посреќен
Бомбакис повторно ќе се оствари во улога на татко...

Наскоро принова во семејството
Познатиот македонски инфлуенсер Кристијан Станковски, попознат како Бомбакис, или Бомба, сподели преубава вест.
Имено, Бомбакис откри дека наскоро повторно ќе се оствари во улога на татко и ги израдува своите верни обожаватели.
Тој тоа го направи така што сподели преслатко видео во кое во главна улога е неговата ќерка Бисера која се роди при крај на 2023 година. На снимката што Бомбакис ја сподели најпрво се гледаат неговите раце и рацете на сопругата Вики, а потоа и рачињата на ќеркичката Бисера како ја држи ехо снимката во нив.
Бисера потоа се шеташе низ домот со снимката во рацете, радувајќи се што наскоро ќе стане голема сестричка.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Бомбакис познат и како „дечкото со картоните“ ќерката Бисера ја доби во декември 2023 година.
Инстаграм/ Бомбакис
Неколку месеци претходно беше и неговата свадба со саканата Вики, откако ја запроси со порака на картон, секако.
Инстаграм/ Бомбакис
Потоа следуваше и најубавиот картон што го има напишано во неговиот живот, кога откри дека му се родила ќеркичката.
„Добредојде на светов Бисера“, напиша тогаш Бомбакис, а како изгледаше и овој посебен момент, погледнете во продолжение…