Наши ѕвезди

Македонски Гранд ѕвезди кои го расплакаа Балканот – најемотивните настапи во шоуто за нови таленти

Овие сцени ќе останат запаметени...

Advertisement

Најемотивните настапи на македонските „Гранд“ ѕвезди во шоуто кога плашеше и публиката и жирито

Публиката во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ досега многу пати има гледано и крајно емотивни настапи.

Advertisement

Станува збор за емисија која трае повеќе од две децении, а во која поминале и многу кандидати од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Некои од нив со својот глас, но и емоции и лични приказни успеаја да допрат до срцата на публиката и гледачите, но понекогаш и да ги донесат до солзи. Без разлика дали станува збор за балади кои овие кандидати ги извеле на генијален начин, полни со емоции, или со нивните животни приказни заради кои на многумина им се насолзиле очите.

Па така еден од најемотивните моменти беше кога Мими Јовановска со својот глас ги расплака гледачите и го крена жирито на нозете. Младата пејачка тогаш настапи со песна од покојната Уснија Реџепова, па во еден момент и публиката и жирито одвај ги задржаа солзите.

Ова момче ја расплака Цеца

Еден од најемотивните моменти во историјата на шоуто беше и настапот на Бојан Илиевски од Македонија.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Неговата животна приказна тогаш никого не остави рамнодушен, посебно кога истата ја раскажа неговата баба.

„Јас сум му баба од страна на мајка му. Тој нема ни татко ни мајка, јас сум му единствената поддршка. Починати се и татко му и мајка му“, изјави тогаш неговата баба и пушти солзи пред камерите.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И на Бојан не му беше лесно да ја гледа од сцената, па кога тргнаа солзите утеха му пружи водителката Сања Кужет.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Бабата донесе среќа, шест гласови, па тоа е супер. Ова е респектабилно“, истана Саша Поповиќ и успеа да го насмее кандидатот.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„И на Цеца и тргнаа солзите, не е лесно, не е едноставно. Специфична е ситуацијата, но Бојан, види, ‘Ѕвездите на Гранд’ се едно големо семејство, според тоа доби едно големо семејство, многу пријатели, труди се и ти честитаме што помина во вториот круг“, му порача тогаш Поповиќ и го пушти да помине во следниот круг од шоуто.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Борба со пороци

Поприлично емотивен беше и моментот кога Александар Јосифовски успеа директно да е пласира за финале, а неговиот ментор толку беше емотивно погоден, што не можеше да ги задржи солзите.

Тој тогаш за прв пат откри и дека Александар успеал да го победи својот порок и да се врати на вистинскиот пат.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Не знаеше кога е ден, а кога ноќ. А сега – стои како победник“, изјави тогаш Ѓорѓе Давид со солзи на очите.

На овој емотивен момент од шоуто потсетете се тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button