NEWSВести

Македонски градоначалник на првиот работен ден ја донираше платата на комунален работник

Advertisement

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски го започна својот прв работен ден со симболичен чин на благодарност кон еден од најдобрите работници на комуналното претпријатие, Горан Узунски.

Како знак на признание, тој објави дека првата градоначалничка плата ќе ја донира токму на Узунски.

Advertisement

Узунски од Тработивиште на овој начин доби посебно признание за особен придонес во одржувањето на хигиената во градот Делчево и околината.

– Со солзи во очите Горан Узунски, вработен во ЈКП Брегалница ја прими благодарницата од новиот градоначалник Иван Гоцевски кој го истакна како поединец на кој сите треба да се угледаме, пренесува локалниот портал Делчево365.

Гоцевски инаку е новоизбран градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Advertisement

Во меѓувреме директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми, кој е во притвор за несобирањето на ѓубрето во Скопје, си поднел оставка од функцијата. Неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ синоќа по распитот во Кривичниот суд кажа дека Рустеми поднел оставка од морални причини.

Сега „Комунална хигиена“ нема директор и прашање е како ќе функционира претпријатието во наредните денови.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера го повика премиерот Христијан Мицкоски да предложи негов кадар за нов директор на јавното претпријатие. Денеска Арсовска испрати соопштение до медиумите во кое ги повика новинарите да го прашаат премиерот Мицкоски како ќе функционира „Комунална хигиена“ бидејќи тој лично од својот кабинет го наредува овој хаос и го најави како интересна разврска на прес-конференција непосредно пред да се случи.

„Го повикуваме премиерот Мицкоски, кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО, која воедно е и осуден криминалец за две кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на ‘Комунална хигиена‘ Скопје согласно член 24а, став 2 од Законот за јавни претпријатија да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието. Мицкоски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори“, вели Арсовска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button