Милорад Ангелов е актер од Штип кој работи во Народен театар Штип и е долгогодишен член на Друштвото на планинарски спортови Лисец од Штип.
Тој е голем љубел на природата и досега се има искачено на неколку позначајни планински врвови од кои, како што самиот вели, би ги издвоил врвовите „Сас Рига“, со височина од 3025 мнв на Доломитите (Италија), потоа ,,Браитхорн“, -4165 мнв на Швајцарските Алпи, ,,Арагац,“, 3900 мнв највисок врв на Ерменија, ,Арарат“, 5137 мнв највисок врв на Турција.
Фото: Приватна архива
Неодамна со вашата екипа успеавте да се качите на врвот Арарат во Турција кој е воедно и највисок врв на оваа земја. Дали може да ни кажете нешто повеќе за оваа ваша авантура?
Планината Арарат е заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.
Фото: Приватна архива
Таа е највисоката планина во Турција со највисокиот врв Арарат 5.137 метри надморска височина. Планината е позната и по тоа што се споменува во Библијата, односно како место каде застанала Ноевата арка по стивнувањето на големиот потоп, што и дава една посебна енергија.
Од овие причини, оваа планина отсекогаш ми го привлекувала вниманието и сум имал желба да ја посетам. била една од моите желби
Фото: Приватна архива
Приказните за дедо Ное и за Ноевата арка ме привлекувале уште од најрана возраст. Како минуваше времето и како стигнуваа информациите за овој врв така и мојата желба растеше еден ден да се искачам и да застанам на него. На мое големо задоволство ова лето мојот сон стана јаве, па заедно со екипата успеавме да го освоиме и овој врв.
Дали беше тешко качувањето?
Качувањето траеше 5 дена.
Фото: Приватна архива
Искачувањето почнува од 2.000 метри надморска височина, на 15-тина км од градот Догубајазит, каде првиот ден се искачува висинска разлика од 1200 метри, за да се стигне до првиот базен камп на 3.200 метри надморска височина. Вториот ден се искачува до вториот базен камп до 4.200 м. н. в. каде што се прави аклиматизација, и истиот ден се враќа пак во првиот базен камп. Третиот ден, касно во ноќта во 01 часот по полноќ се тргнува кон врвот и тој ден го викаме summit day. Искачувањето трае од 5 до 7 часа во зависност од кондиционата спремност.
Голем дел се оди по камењарним и сипар кој што е многу опасен за одење поради мразот кој е залепен на карпите и лизгањето претставува сериозна пречка.
Фото: Приватна архива
Последниот дел на качувањето е на самиот глечер, каде мора да се наместат дерези за безбедно поминување и враќање преку глечерот. Температурата беше – 25 степени со ветар од 40 км на час и тоа беше голем проблем во искачувањето. На самиот врв бевме во 06:30 и јас останав некаде околу 45 мин.
Фото: Приватна архива
Дали е безбедно качувањето на Арарат и кои се опасностите што можат да се случат?
Најбитно од се е добра планинарска опрема која е многу важна за вакви врвови.
Фото: Приватна архива
Тоа значи дека обичната планинарска опрема кога одиме на врвови под 2500 надморска височина овде нема да заврши работа.
Секој што сака да го освои Арарат мора да дојде со проверена планинарска опрема за над 5000 метри.
Фото: Приватна архива
Пак ќе повторам над 5000 метри надморска височина.
Сите врвови кој спаѓаат над 2500 метри се вон границите на нормалното човечко функоцинирање.
Овде кислородот е редок и можно се одредени симптоми како повраќање, главоболка во најтешки случаи и до белодробни проблеми кои што можат да доведат до сериозни последици.
Фото: Приватна архива
Затоа исто така многу е битна аклимитазицијата. Можеби игра и пресудна улога во освојувањето на вакви врвови. Добрата аклиматизација значи и голема шанса за успех. Топло препорачувам пред да се оди на оваа висина да се аклиматизира телото одреден период со качување на врвови над 2500 метри.
Отежнатото дишење е исто голем проблем. Јас лично добив сериозна главоболка но за моја среќа бргу ми помина.
Фото: Приватна архива
Исто така мора да се внимава на симнувањето од врвот кој според мене е потешкиот дел. Можноста од лизгање на замрзнатите карпи е голема и овде треба исклучително да се внимава.
Фото: Приватна архива
На оваа експедиција бевте членови на Дпс Лисец и не заврши само на Арарат туку освоивте уште еден врв. Ќе ни раскажете ли нешто во врска со ова?
Така е, оваа експедиција е дел од планинарското друштво Лисец од Штип. Нашата група броеше 4 члена во кој имавме чест да имаме и една дама. Нашата експедиција беше во состав: Трајче Алексов,Билјана Спаскова, Тоше Ристов и јас, Милорад Анѓелов.
Фото: Приватна архива
Голема благодарност до сите нив без кој приказната ,,Арарт 2023“ не би била возможна.
Фото: Приватна архива
Секако најголемата поддршка ја имавме од искусниот планинар и голем алпинсит Трајче Алексов за кој посебно му благодарам.
Фото: Приватна архива
Запознавме прекрасни пријатели од Босна, Бугарија, Австралија Ерменија Данска и од многу други места во светот. Со дел од нив бевме и во базниот камп каде што остваривме големи пријателства.
После качувањето на Арарат отидовме во Ерменија и таму ги искачивме највисокиот врв ,,Арагац,“ висок 3900 мнв на кој немавме некои посериозни проблеми.
Фото: Приватна архива
Кон овој врв наш водич беше Лена од градот Ереван.
Отидовме и до планината ,,Казбек,“ во Грузија но овој врв го оставивме за некоја следна прилика. Едноставно уживаме во погледот кон него.
Нашата авантура траеше 18 дена со поминати над 7000 км со кола.
Кои се вашите следни планови како во полето на планинарството така и во полето на театарот?
Во планинарството продолжуваме со освојување на планини. Дпс Лисец работи по годишна програма така да една година однапред ги знаеме сите наши акции. Само оваа година членови на Дпс Лисец ги освоија врвовите: Атлас во Мароко , Монте Мулаз- Доломити (Италија) Митикас ( Грција) Мусала( Бугарија) Арарат ( Турција) Арагац (Ерменија) и многу други.
Фото: Приватна архива
Спортско качувачкиот клуб ,,Astibo climbing,“ кој исто така е дел од клубот Лисец беше на светско првенство во Берн. Нашите планови се големи а мојот сон за 2024 е врвот Ленин 7000 м.н.в кој се наоѓа на границата на државите на Киркистан и Тахиџистан.
Фото: Приватна архива
Во полето на театарот работиме на нова претстава ,,Лекција,“ на Јунеско каде што наскоро ќе имаме и премиера.
Фото: Приватна архива
Потоа продолжуваме со редовниот репертоар на Народниот театар од Штип и го очекуваме познатиот режисер Љупчо Ѓоргиевски- Бубе да го започне својот нов проект кој е дел од редовната програма која е финансирана од министерството за култура за 2023.
Фото: Приватна архива
Не чека и настап на фестивалот Ристо Шишков во Струмица со претставата ,,Роденден“ од Харолд Пинтер.