Македонската сцена доби нов шеик – Дарио го покажа „ковчегот со злато“ и предизвика бура реакции! (видео)

Македонскиот пејач и автор Дарио Панковски деновиве го промовираше видео спотот за својата најнова песна „Ковчег со злато“, со која официјално го најавува и излегувањето на новиот албум што треба наскоро да се појави пред публиката.
Панковски, познат по својот препознатлив поп-звук и лични текстови, откри дека ова музичко дело има посебно место во неговиот творечки процес.
-Ова е мојата нова песна „КОВЧЕГ СО ЗЛАТО“, која воедно е и најава за истоимениот нов албум кој излегува наскоро“, објави тој на социјалните мрежи.
Како автор на текстот и музиката, Дарио повторно се потпишува под својата креативност, додека аранжманот е дело на Кристијан Габроски, со кого Панковски често соработува. Песната носи емотивна и мотивирачка порака, а стиховите „Ил’ ќе трагаш по виножито живот свој цел, ил’ ќе застанеш и крај себе ќе погледнеш“ откриваат дел од инспирацијата и пораката што ја носи новиот сингл.
Со „Ковчег со злато“, Панковски уште еднаш покажува дека најдобро блеска кога зборува искрено и од срце. Ако овој сингл е навестување за тоа што следува, тогаш публиката може да очекува албум што ќе остави трага, токму како и златото во неговиот симболичен ковчег.




