Македонската песна најубаво звучи – дома! Влатко Миладиноски со нов солистички концерт во Скопје
Влатко Миладиноски со голем солистички концерт во Арена „Борис Трајковски“ на 28 декември

Еден од најпопуларните изведувачи на македонска народна музика, Влатко Миладиноски, на 28 декември ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
На сцената ќе му се придружи оркестарот на неговиот брат, Златко Миладиноски, со кого заедно подготвуваат незаборавна музичка вечер исполнета со најубавите македонски песни.
Во моментов, Влатко и Златко се на голема австралиска турнеја, каде што интересот за нивните настапи е огромен — речиси сите концерти се распродадени однапред. Македонската дијаспора таму со големи емоции ги пречекува и ужива во безвременските хитови како „Ај да ојме Јано“, „Петко љубел многу жени“, „Од там се гледа Македонија“, „За тебе Софке“, „Велат не нема“ и многу други.

Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Македонската песна најубаво звучи – дома!
„Каде најубаво звучи македонската песна, ако не меѓу своите – каде и да се!“, вели Влатко, кој со секој настап ја пренесува магијата на македонската традиција и ја негува љубовта кон татковината преку музиката.
По успешните концерти во Македонската опера и балет и на Античкиот театар во Охрид, Влатко повторно ќе ја почувствува љубовта на својата публика во главниот град.
Интересот за концертот во Арена „Борис Трајковски“ е веќе огромен, а влезниците се достапни преку онлајн сервисот КупиКарти.ком (повеќе информации за концертот погледете тука), како и на продажните места Розе Веро 2, ЈК Травел – Бисер и ЈК Травел – Дајмонд.


