Македонската фолкерка „pacпали“ по својот колега со порака што ги шокиpaше сите – фановите збунети, што се случува?!
Освен што ја забавува публиката во локалите со својот фантастичен глас и песна, таа го забавува народот и на социјалните мрежи.
Пејачката е склоп на многу таленти во едно.
Сања Сани Гроздановска е една од ретките музичари на нашата сцена која многу добро знае да си направи и сопствена реклатс но и да ѝ го даде на публиката она што ѝ треба.
Доста е активна на Фејсбук каде често споделува интересни објави, некогаш поврзани со нејзините колеги, а некогаш и со привжватниот живот.
Но, главно, секогаш допира до публиката.
Пандемијата Ковид 19 донесе финансиска кроза сегде во светот, па и кај нас.
Најпогодени беа угостителите и музичарите, кои долго време беа без работа, па некои од нив мораа да сменат професија.
Таа е една од музичарите кои заради пандемијата ја променија својата професија и за таквиот чекор ја информираше својата публика на социјалните мрежи.
Имено, таа започна да работи во неодамна формирана компанија за мобили услуги „Green mobile“.
Засега не го конкретизираше работното место, работната позиција, ниту пак висината на примањата, која што и да работи е секако далеку помала од естрадните пари, ама како што е познато, не е време за пребирање.
Пејачката доби многу честитки и убави желби упатени преку коментари под објавата.
Највпечатлива беше онаа од нејзиниот колега Трајче Толевски.
„По многу години воспитување, дојде време ти да кажеш ‘се вработив’… Ти не се вработи, ти си тука само за да ги ‘просветлиш’ користејќи го твојот светски имиџ…
Само се секирам што ќе биде со тој што ќе одбие да потпише договор? Господ напомош“ – шеговито напиша музичарот.
Инаку, пандемијата деновиве како да спласнува, скоро секој ден има едноцифрен број на новозаразени и ретко се регистрираат по-чинати лица од вирусот.
Укинати се сите рестриктивни мерки, а дозволени се свадби и на отворено и во затворен простор.
Сани се врати на музичките ангажман, а на Фејсбук сподели и неколку фотографии од своите настапи.
Пејачката работи со полна пареа
Веднаш само по најавата дека летово ќе биде дозволено одржување на свадби, пејачката пресреќна упати порака до министерот за здравство Венко Филипче.
„Почнаа со букирање на свадби, ајде аирлија. Венко те сакам! ”, напиша Сања.
Деновиве нејзината објава на Фејсбук упатен до нејзиниот добар пријстел Трајче привлече огромно внимание.
Таа го предупреди дека ќе плати со живот доколку не ѝ се јави на телефон.
„Трајче Толевски, ако не се јавиш на телефон има да те јават на вести на цpна хроника“, напиша Сања јавно.
Трајче не остана покус, па ѝ возврати:
„Сања Сани Гроздановска свесна си дека на твоето дерење ни мајка ти не иде на свирка, затоа ме бараш да ти наполнам кафана. ДОБРООООО ИДАААМ само не ми се дере цел град ти се смее и Куманово мада е гратче”, напиша тој на во коментар.