Македонската пејачка „фатена“ во акција со свекорот – ги снимаше сопругот, видеото го објави на Инстаграм
Еве во каков однос се Гиговска и нејзиниот свекор

Луда вечер со свекорот
Познатата пејачка Антониа Гиговска сподели едно селфи и ги изненади сите со необичното издание што го носеше.
Имено, пејачката се снимаше пред огледалото, облечена во „оверсајз“ сако и широки фармерки, а целото издание го заокружи со шпиц бели високи потпетици и коса врзана во „несредена“ пунџа.
Инстаграм
Но под сакото очигледно не носеше ништо, така што се гледаше и градникот, па овој детаљ беше во фокусот.
Гиговска ова издание го избра за еден посебен настан на кој беше со сопругот, а гостите ги забавуваше нејзиниот свекор.
Инстаграм
Направи џумбуш со свекорот
Нејзиниот сопруг, Роберт Спасенцовски Џокер, сподели и снимка од вечерта, а сите ги изненади моментот кога Гиговска го зема микрофонот во рацете и запеа заедно во дует со својот познат свекор.
Како изгледаше тоа, погледнете во продолжение:
Инстаграм
Потсетуваме, сопругот на Гиговска е син на познатиот македонски фолк-пејач Боби Спасенцовски.
Инстаграм
Боби никогаш не криел дека е пресреќен што станал дедо, но и што неговиот син се ожени со познатата поп-пејачка.
Инстаграм
Боби е поприлично активен и на социјалните мрежи, а беше и меѓу првите што ја споделија среќната вест кога неговата снаа се породи и му роди внуче на кое гордите родители му го дадоа името Киан.
Повеќе за ова прочитајте тука…