Македонската Парис Хилтон во проѕирен фустан – и на 43. години изгледа брутално што и да облече
Носеше проѕирно, никого не остави рамнодушен...

Многумина коментираат дека изгледа неверојатно за свои години
Поранешната манекенка Маја Глигоровска (43) објави фотографии на кои носеше фустан со кој речиси ништо не стави на фантазијата.
Имено, Маја редовно собира бројни комплименти за својот изглед, но овој пат со ова свое издание ја „преврте“ игричката.
Инстаграм/ Маја Глигоровска
Носеше бел проѕирен фустан, со голем отвор во пределот на стомакот, така што во фокусот беше нејзиното беспрекорно тело.
Проѕирниот материјал го стави во преден план она што оваа дама го носеше под фустанот, додека големиот отвор го истакна нејзиниот рамен стомак и покажа дека и во петтата деценија изгледа неверојатно.
Инстаграм/ Маја Глигоровска
Потсетуваме, Маја е наша поранешна мисица која денес работи како наставник во основно училиште, а препознатлива е по нејзината руса коса заради која ја нарекуваат македонската Парис Хилтон.
Инстаграм/ Маја Глигоровска
Таа има завршено Педагошки факултет и е Магистер по Односи со јавноста, но дефинитивно може да биде и магистер по социјалните мрежи бидејќи нејзините објави изгледаат како и на најпознатите светски инфлуенсерки, а многу помлади модели можат само да и завидуваат на нејзината беспрекорна форма.
Инстаграм/ Маја Глигоровска
Таа очигледно и сега е во своите најдобри години, така што ги тера и помладите да се угледаат на неа кога е изгледот во прашање.
Инстаграм/ Маја Глигоровска
Таа е и мајка, а нејзиниот син Константино милува да го нарекува Тино, па токму затоа и на Инстаграм е Маја Тино.
Повеќе нејзини фотки во продолжение…