Македонската Моника Белучи го покажа телото и го сруши интернетот – годините за неа се само бројка
Наскоро ќе зачекори во шестата деценија, а се уште ја подига температурата каде и да се појави...

Една од оние дами што освојуваат на прв поглед
Една од нашите најпознати и најбарани манекенки, Светлана Црнокрак, покажа како се справува со високите температури.
Имено, оваа наша позната убавица ги спакува куферите и реши да ги наполни батериите, па сега покажа и како новата средина влијае на нејзиното расположение и самодоверба.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Таа направи неколку „селфи“ фотографии и покажа како ужива, па со ова свое опуштено летно издание ги почести фановите.
Таа иако ретко споделува фотографии на кои е во костим за капење, секогаш кога ќе го направи тоа предизвикува големо внимание.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Впрочем така беше и овој пат, и покрај тоа што не откри премногу, но сосем доволно на многумина да им ја заскокотка фантазијата.
Таа направи селфи додека лежеше на плажа, со едната рака подигната, додека лицето и беше покриено со шик очила за сонце.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Она што можеше да се види овој пат беше и тоа дека носи дводелни модели на костими за капење, но и дека изгледа феноменално.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Потсетуваме, Светлана следната година ќе зачекори во шестата деценија, но се уште изгледа минимум дваесетина години помладо.
Таа е мајка на две ќерки, но и денес плени со својот шарм и многумина за неа велат дека никогаш не изгледала подобро.
Инстаграм/ Светлана Црнокрак
Токму затоа и денес можеме да ја видиме во бројни кампањи, па дури и на модните писти, рамо до рамо со многу помлади дами.
Како Светлана се одржува во форма и која е тајната на нејзината убавина, откријте од линкот во продолжение: