Македонската Гранд ѕвезда во шок кога го дозна ова за пријателот – од судбината нема бегање (фото)
Вест што сите ги изненади

Ова беше шок за сите, ама за него најмногу
Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“, но не знаеше дека меѓу соборците има и свој роднина.
Како што објави „Гранд.онлајн“, Никола и Даниел Савиќ од Старчево биле во блиско сродство, но и двајцата не знаеле.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, тие за време на натпреварот се спријателиле и зближиле, и без да знаат дека всушност се братучеди.
Оваа вест ги шокираше, но и израдува во исто време, а една фотографија што ја сподели ги збуни неговите обожаватели.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Тој на својот Инстаграм сподели фотографија на која е со Даниел и со Елвис Мешиновиќ, па на истата напиша дека се братучеди.
„Не е шега, навистина неодамна дознавме дека сме роднини“, изјави Никола за „Гранд,онлајн“ по објавената фотографија.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Како што појасни тој потоа, нивните прадедовци биле родени браќа, така што баба му од страната на татко му и бабата на Даниел исто така од татковата страна, биле братучетки, па и тие се во сродство.
„Мој победник, а пред се брат“, напиша Савиќ под една нивна заедничка фотка на социјалните мрежи и сите ги воодушеви.
„Мое семејство, ве сакам“, коментираше Никола.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, Никола убедливо победи во „Ѕвездите на Гранд“, а во финалето цела вечер пееше македонски песни.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Сепак, најемотивен момент беше кога на сцената ја запеа Ако утре ме нема од ДНК и одвај се воздржа да не заплаче.
Тој се појави со маичка на која пишуваше „Од срце за Кочани“, а како изгледаше овој посебен момент, потсетете се во продолжение: