Македонската Гранд ѕвезда со солзи на очите – многу го растажија зборовите што му ги кажа менторот
Еве што изјави пејачот по својот настап во шоуто...
![](/wp-content/uploads/2025/02/grand-1-780x470.jpg)
Неговиот ментор го викаат тиранин, а еве и зошто…
Шармантниот пејач Коки Петрушев и покрај својот генијален настап во „Ѕвездите на Гранд“ со кој освои шест гласови и директно се пласираше во третиот круг, неговиот ментор, рокерот Ѓорѓе Давид не беше задоволен од она што го виде на сцената.
Како што појасни рокерот во својот говор, Коки наводно ништо не испочитувал од она што тие се договориле претходно.
Тој исто така го искритикува Коки дека го пеел Масимо Савиќ како да се во прашање „Ганс енд роузис“, што го растажи Коки.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, младиот пејач по настапот даде интервју за екипата на „Гранд“, но зборуваше со солзи на очите и со измешани емоции.
„Ако треба да биде бокс меч, да ме удри, нека ме удри, прифаќам сé како што ќе каже. Сметам дека е во право, не го слушам исто додека пеам и жирито, и во желбата да дадам сé од себе можеби изгубив на убавината на гласот“ изјави пејачот пред камерите на „Гранд“.
Инаку, Коки не е првиот натпреварувач кој тврди дека Ѓорѓе Давид внимава на секој детаљ кога се неговите кандидати во прашање.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој понекогаш на пробите знае да ги врати и по сто пати заради една грешка, па заради тоа многумина го нарекуваат и тиранин.
Но неговите кандидати затоа и многу напредуваат, а Ѓорѓе секогаш им е максимално посветен и дава се од себе за да им помогне.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Впрочем Ѓорѓе беше таков и со Александар Јосифовски, пејачот од Охрид кој успеа да го освои високото втор место во финалето.
Но Јосифовски истовремено успеа да го победи и својот најголем порок тогаш, а во тоа најмногу му помогна токму неговиот ментор.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Заради сето ова Ѓорѓе го почитуваат сите што учествувале во ова популарно шоу, како и нашиот Коки Петрушев кој не крие дека му се случува нешто за што цел живот сонувал.
Потсетуваме, Коки е од Скопје, а во „Ѕвездите на Гранд“ се има пријавено и пред осум години, но тогаш не успеа да стигне до финалето.
Тој е презадоволен од шоуто и смета дека „Ѕвездите на Гранд“ за секого што учествува се еден голем чекор кон успехот и дека тоа што решил повторно да се пријави во оваа популарна емисија е една од неговите најдобри одлуки во животот.