Македонската Гранд ѕвезда со преубава вест – се ожени неодамна, невестата сега ептен го израдува
Пејачот им се заблагодари на сите...

Пејачот Мите Стоилков кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ ги разнежи сите со своите последни објави на Инстаграм.
Имено, Мите го прослави својот 30. роденден заедно со најблиските, а најубавата честитка секако си ја доби од саканата.
„Среќен роденден љубов“, напиша Марија со која Мите на почетокот на септември 2024 се ожени кога запловија во брачните води.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Марија пораката ја напиша на една нивна заедничка фотографија на која и двајцата блескаат, а потоа почнаа да пристигнуваат и честитки од колегите, пријателите и соработниците, и сите на Мите му посакуваа здравје и многу успех.
Инстаграм/ Мите Стоилков
„Ви благодарам од срце за сите роденденски честитки, убаво зборови и искрени желби. Секое ваше внимание ми значи многу! И бидејќи не можев да одговорам на сите поединечно, сакам вака да ви се заблагодарам и да ви посакам среќа, радост и многу убави моменти. Нека ви се врати сето добро што ми го посакавте“, напиша Мите и на овој начин им се заблагодари на своите пријатели.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Беше свадба голема
Мите на почетокот на септември минатата година застана на лудиот камен со својата сакана и се заколнаа на вечна љубов.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој една година претходно, односно во ноември 2023, ја запроси Марија и тоа на едно од најволшебните места во Македонија.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, запросувањето се случи во манастирот Св. Јован Бигорски, а откако доби „да“ од саканата на Мите животот му се промени 180 степени.
Тој не крие колку е среќен во бракот и колку оваа љубов го исполнува, а за тоа впрочем сведочат и фотографиите кои тој често знае да ги сподели на социјалните мрежи, искажувајќи љубов кон својата сопруга и на овој начин.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Потсетуваме, Мите во „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на Вики Миљковиќ, а претходно беше победник во шоуто „Пинк ѕвезди“.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој е син на познатиот музичар Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“, а прв братучед му е Трајче Ѓоргиев, младиот пејач кој со својот талент исто така доминираше во „Ѕвездичките на Пинк“.