Македонската Гранд ѕвезда со преубава вест – ова е НАЈУБАВОТО НЕШТО што му се случило (видео)
Вечерва ќе биде весело на „Плоштад Автокоманда“ во Скопје

Пејачот откри и кои ќе му бидат гости
Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, вечерва ќе одржи победнички концерт во Скопје.
Концертот ќе биде на Плоштад Автокоманда во Гази Баба, а младиот Никола најави висински спектакл за публиката.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
На концертот како специјални гости ќе се појават неговите колеги од шоуто со кои се натпреваруваше, а меѓу кои ќе биде и згодната финалистка Анѓела Арман со која медиумите го поврзуваа уште за време на финалето (види тука). Покрај Анѓела ќе настапат и Ања Михајловиќ, Ива Јокановиќ, Елвис Мешиновиќ, Мате Милиќевиќ, Ахмед Сејфиќ, Ѓорѓе Ѓокиќ и Зоран Ружиќ Ферари.
Никола концертот го најави и на социјалните мрежи, а сними видео и на самиот плоштад на кој ќе се случува истиот.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Потсетуваме, Никола Станишиќ го воодушеви целиот регион со неговите настапи во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Тој беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ која му беше голема поддршка додека се натпреваруваше, а како што самиот пејач откри неодамна и за Гламур магазин, токму таа го убедила да не се откаже во шоуто по семејната несреќа што му се случи додека траеше натпреварот.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Но Никола се врати посилен од кога било и со својот талент и харизма успеа да ја освои публиката и да триумфира.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
По шоуто тој ја сними и својата прва песна, заедно со колегата Гоце Петрески, со која што сите ги воодушеви.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Песната веднаш ги освои сите и стана многу популарна, посебно меѓу нашите иселеници заради печалбарската тематика.
Станува збор за нумерата „Татко мој“, а што Никола неодамна откри во ексклузивното интервју за Гламур магазин за неговиот вечерешен концерт, но и за многу други работи поврзани со неговата кариера и победата во „Ѕвездите на Гранд“, откријте тука.
View this post on Instagram