Македонската „Гранд“ ѕвезда со порака за сопругата – пристигнуваат честитки, сите ги разнежи (фото)
Една фотографија, милион спомени

Ова е посебен ден за него, но и за неговата сакана
Македонската „Гранд“ ѕвезда, Мите Стоилков, пред точно година дена се заколна на вечна љубов и започна нова етапа во животот.
Поранешниот учесник во популарното музичко шоу по тој повод се огласи на социјалните мрежи и со преубава порака и фотографија ја честиташе годишнината на својата понежна половина.
Инстаграм/ Мите Стоилков
„Бог нека ја чува нашата љубов секогаш во светлина и благослов. Среќна годишнина, љубов“, напиша Мите.
Пејачот сподели и фотографија од нивата свадба, а како изгледаше неговата сакана како невеста, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Мите Стоилков
Потсетуваме, Мите се прослави најпрво со победата во „Пинкови ѕвезди“, а потоа и со учеството во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој минатата година се ожени со неговата сакана Марија Минова, а за нивната свадба се зборуваше со денови.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, тие ги испочитуваа обичаите и направија традиционална свадба, но Мите ги испочитува и своите колеги музичари.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Се уште се хит снимките на кои се гледа како веселиот младоженец ги кити музичарите со пари, како и снимката од првиот танц.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се тука >>