Македонската Гранд ѕвезда со песна од Тоше Проески ги расплака сите – целиот Балкан зборува за ова
Молк и солзи во студиото, пишува „Гранд.онлајн“

Маестрална изведба на младиот пејач
Огнен Здравковски се натпреваруваше пред неколку сезони во „Ѕвездите на Гранд“ и постигна огромен успех.
Тој сега беше поканет како гостин во емисијата „Никогаш не е доцна“, а пред публиката се претстави со песна од Тоше Проески.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
И како што објавија и медиумите во регионот, Огнен маестрално ја изведе песната предизвикувајќи емоции кај сите.
„Тој е мојот идол од мали нозе, и јас почнав да пеам токму заради него“, изјави во една пригода Огнен за легендарниот Тоше.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Како Огнен ги изненади сите, погледнете во продолжение:
Потсетуваме, Огнен се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на Марија Шерифовиќ и го освои петто место.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Некогашниот финалист во ова талент-шоу никогаш не криел дека натпреварот му го променил животот од корен.
И тоа не само кога е неговата кариера во прашање, туку и приватниот живот, а по шоуто го промени имиџот и ослабна 15 килограми.
Инстаграм/ Огнен Здравковски
И како што самиот изјави во една пригода, тоа го направил заради Саша Поповиќ, кој постојано го критикувал за изгледот.
Инстаграм/ Огнен Здравковски
„Кога и да ме видеше, ми зборуваше дека морам да ослабам“, изјави тога Огнен за Саша Поповиќ, а потоа го додаде и следново:
„Ете, го послушав. Сега се чувствувам како нов човек“, истакна тогаш Огнен откривајќи дека успеал да симне 20-на килограми.