Македонската Гранд ѕвезда со најубавата вест – му пристигнуваат честитки, сите се воодушевени
Беше миленик во „Ѕвездите на Гранд“, а сега ги израдува сите со уште една преубава песна ...

Некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија, Мите Стоилков, ги израдува сите со нова песна.
Имено, славниот финалист во популарното шоу, Мите Стоилков, кој додека се натпреваруваше го освои високото четврто место во финалето, овој пат сними песна која освојува уште на прво слушање.
Нема сомнеж дека во прашање е уште еден негов хит.
Песната се вика „Пукај во мене“, а само неколку дена пред да ја објави Мите го напиша следново на Инстаграм:
„Долго време ја чував во фиока, но дојде време да ја споделам и со вас. Секој што некогаш дал премногу од себе, а добил премалку – ќе се пронајде. Едвај чекам да ја слушнете!!“, напиша тогаш Мите на Инстаграм.
Принтскрин/ Јутуб
Песната е објавена пред неколку дена, а според коментарите и бројот на прегледи не се сомневаме дека ќе биде голем хит.
Принтскрин/ Јутуб
„Браво Мите, прекрасна песна“, „Секоја чест, совршенство Маестро Мите“, се само некои од коментарите под песната.
Како звучи новата песна на Мите, слушнете во продолжение…
Потсетуваме, Мите пред неколку сезони се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на менторката Вики Миљковиќ.
Тој стигна до финалето и ги освои високото четврто место, а по натпреварот најпрво им се посвети на студиите и ги заврши.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Но покрај студиите и големиот успех што го постигнува на музички план, Мите реди успеси и во приватниот живот.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој во септември месец минатата година рипна во тавче, а како изгледа неговата сакана и тоа во венчаница, погледнете тука.