Македонската Гранд ѕвезда со НАЈСРЕЌНАТА ВЕСТ – доби бебенце, со сопругата му избраа преубаво име
Пејачот пресреќен...

Филип ја сподели најубавата вест во животот
Поранешната македонска Гранд ѕвезда, Филип Пецовски, на својот Инстаграм откри дека станал татко.
Пејачот кој во популарното талент-шоу стигна до финалето и кој важеше за голем заводник, а кого и Јелена Карлеуша го обожаваше, овој пат ги изненади сите со преубавата вест што ја сподели.
Инстаграм/ Филип Пецовски
„Добредојде сине, Николај“, напиша Филип на Инстаграм откривајќи го и името на својот наследник.
Пејачот само еден ден претходно сподели и неколку фотографии на кои е и неговата сакана со трудничкиот стомак во преден план.
Инстаграм/ Филип Пецовски
На една од фотографиите се гледа како тој и го бакнува стомакот на неговата сакана, со што предизвика лавина од воодушевување.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Но само ден подоцна, Филип ја сподели и најубавата вест во животот, а честитки почнаа да му пристигнуваат од сите страни.
Потсетуваме, Филип се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а уште со првото појавување им стана миленик на многу дами.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Но и покрај неговата голема популарност, за неговиот приватен живот се знаеше многу малку, така што неговите обожаватели (посебно обожавателките) беа изненадени кога откри дека ја запросил саканата.
Инстаграм/ Филип Пецовски
По некое време следуваше и свадба, а пред нешто помалку од два месеци Филип откри и дека неговата сакана е бремена.
Повеќе за ова прочитајте тука…