Македонската Гранд ѕвезда го изненади цел Балкан со најновото видео – овие сцени изгледаат светски
Пејачот го претстави својот најнов музички проект со кој повторно го воодушеви целиот Балкан...

„Посилни од кога и да е“
Пејачот Даниел Тренчовски кој живее во Париз, а по потекло е од Македонија, ги израдува своите бројни фанови.
Имено, Даниел го објави спотот за својата најнова песна „Посилен од кога и да е“, која пред само неколку дена ја најави.
Приватна архива
И овој пат станува збор за песна коа може да биде голем хит, впрочем како и сите негови претходни песни што ги сними по учеството во „Ѕвездите на Гранд“. Спотот е објавен на Јутуб и во коментарите веќе сите му порачаа дека видеото изгледа светски.
Текстот и музиката се на Даниел, додека аранжманот на Владан Стојковиќ, а спотот е снимен во Париз.
Приватна архива
И како што самиот Даниел напиша под видеото, инспирацијата за песната ја доби од негов пријател на кого и му ја посветува истата.
„Понекогаш животот не соочува со работи не за да не скрши, туку за да не направи посилни. Најважно е секогаш да останеме ПОСИЛНИ ОД КОГА И ДА Е. Ти благодарам брате, Алекс! Големо фала и за браќата од мото асоцијацијата Saint Lazar и на Петар, му го разубавивте секој момент – најсилни сте!. И се заблагодарувам на сите што учествувавте во создавање на оваа песна“, напиша Даниел под видеото што многумина веќе го споделуваат на социјалните мрежи.
Новиот спот на Даниел погледнете го во продолжение:
Потсетуваме, Даниел и пред неколку месеци ги изненади сите со неговиот претходен спот кој доби одлични критики.
Пејачот тогаш сними сцени со мечка, а спотот привлече големо внимание во целито регион и песната стана голем хит.
Приватна архива
Станува збор за мечка која е популарна на Инстаграм, а со која Даниел цело време беше во близок контакт.
Како изгледаше и овој генијален проект на овој наш пејач кој со својот талент го освојува Балканот, потсетете се тука.