Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда по разводот „фатен“ во провокативно издание – за кого го прави ова?!

Познатиот пејач по разводот ужива во ергенскиот живот

Advertisement

Еве што прави пејачот по разводот…

На социјалните мрежи се пофали снимка од Ален Хасановиќ – пејачот очигледно по разводот ужива во ергенскиот живот.

Advertisement

Пејачот Ален Хасановиќ се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжи успешно да ја гради својата музичка кариера.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Но покрај успесите на деловен план, Ален ги изненади сите и кога откри дека ќе се жени, бидејќи никој не знаеше дека има девојка.

Advertisement

Свадба како во бајките, невестата преубава…

За шеријатската венчавка со убавата Аида пишуваа и медиумите во регионот, како и за романтичниот меден месец на Малдивите од каде тие споделија фотографии на кои изгледа како во холивудските филмови (повеќе за ова прочитајте тука).

Инстаграм

Но по некое време следуваше вистински шок – пејачот откри дека по две години брак решил да се разведе од сопругата.

Тие најпрво ги избришаа нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, а потоа и самиот Ален откри дека повеќе не се заедно.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

По разводот секој продолжи по својот пат – Ален со својата кариера, а Аида и денес привлекува внимание со своите објави .

Имено, таа е една прекрасна дама кој плени со секоја своја фотографија, а овие денови покажа како ужива во Швајцарија.

Инстаграм/ Аида Цако

Мошне активен на социјалните мрежи е и Ален, кој деновиве сподели една снимка на која се гледа како пее една од своите најпознати песни. Се снимаше во автомобил, а во прашање е песната „Једина нада“ која има преку 1.5 милиони прегледи на Јутуб, што зборува повеќе од доволно за неговата голема популарност.

View this post on Instagram

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)

Потоа Ален се снимаше и додека вежба во теретана, освојувајќи многу срца со своето испотено, мускулесто тело.

Како Алем изгледаше и во ова издание, додека се поти и вежба, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Беше во брак две години

Потсетуваме, Ален со Аида беше во брак две години, а за нивната гламурозна свадба се зборуваше со денови.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тие судбоносното „да“ го изговорија пред 500 гости во еден ресторан во Тетово, а како изгледаше невестата тогаш, во својата раскошна венчаница, потсетете се од текстот во продолжение…

Еве со каква убавица се ожени македонската Гранд ѕвезда – животот му стана бајка откако ја запозна оваа дама

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Македонската Гранд ѕвезда се ожени во џамија, невестата промени 4 ВЕНЧАНИЦИ – пејачот сега ужива како султан на Малдивите!

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Бонус видео

Ален и „Једина нада“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button