Македонската Гранд ѕвезда пее и го вее старото знаме – македонското сонце и Бисерот балкански
Младиот пејач од Скопје кој го воодушеви целиот Балкан вчера го одржа својот победнички концерт...

Победничкиот концерт на Никола во неговиот роден крај ќе стане запаметен и за него уште долго време ќе се зборува.
Пејачот Никола Станишиќ вчера го одржа својот победнички концерт во Скопје на кој настапија уште неколку колеги од шоуто.
Плоштадот беше полн и публиката го чекаше Никола да се појави, а многумина сакаа да се сликаат со победникот.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Меѓу првите се појавија колегите од „Ѕвездите ма Гранд“, Ива Јокановиќ, Ахмед Сејфиќ и Мате Милиќевиќ, а потоа и останатите кои Никола ги покани да гостуваат на неговиот победнички концерт.
Па така публиката можеше да ужива и во изведбата на Ања Михајловиќ, Елвис Мешиновиќ, Ѓорѓе Ѓокиќ, Зоран Ружиќ Ферари, како и во настапот на Анѓела Арман со која Никола деновиве снимаше и дует.
Инстаграм
Никола на сцената се појави во бели панталони и сако во истата нијанса под кое носеше црна маичка.
Инстаграм
Тој цела вечер блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето, а во еден момент му го дадоа знамето со Сонцето од Кутлеш кое го стави преку рамениците и песната Бисер Балкански ја продолжи качен на тапаните.
Инстаграм
Големо изненадување беше и младата пејачка од Белград, Ива Јокановќ, која настапи како гостинка, а ја изведе песната од Цеца, Белград, како и популарната македонска песна „Јовано, Јованке“.
Инстаграм
И самиот Никола беше воодушевен, а моментот кога заедно со Ива на сцената ја изведоа „Кад замиришу јорговани“ од Дино Мерлин и Весна Змијанац публиката ги награди со бурен аплауз.
Инстаграм
Овој нивен заеднички настап повторно ги подгреа приказните дека помеѓу нив има и некои други емоции освен оние музичките, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.