Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ќе стане татко – се разведе неодамна, новата девојка иста како мајка му

Пејачот се разведе по осум години брак, а сега чека дете со неговата нова девојка

Advertisement

Наскоро ќе го добие своето прво дете..

Како што пренесуваат српските медиуми, пејачот Александар Јосифовски наскоро очекува бебе со новата девојка.

Advertisement

Познатиот пејач по осум години брак се разведе од својата сопруга, а веста дека неговата нова девојка е во блажена состојба ги изненади обожавателите, па и неговите пријатели.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Имено, откако пукна „тиквата“ со поранешната сопруга Теодора со која беше во брак осум години, Александар својата среќа ја пронајде покрај Ана, неговата нова девојка со која сега живее во Белград.

Advertisement

Пејачот се разведе пред шест месеци, а веќе е спремен повторно да застане на лудиот камен, објавија бројни медиуми денес.

Инстаграм/ Ана Павиќ

Тој неодамна во една емисија за прв пат ја претстави својата нова девојка, а во прашање е убавица која освојува на прв поглед,

И како што самиот Александар во една пригода призна, Ана има одличен однос и со неговата мајка, со која тој е мошне близок.

Станува збор за македонската фолк-пејачка Елизабета Неданоска- Јосифовска која се појавува и во еден од најновите спотови на Александар. Според многумина новата девојка, Ана, многу наликува на неговата мајка, која одлично се држи за годините.

Инстаграм/ Ана Павиќ

Инаку, веста дека неговата нова девојка е бремена ја објави порталот на неговата официјална продукциска куќа.

Тој се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а веднаш по финалето замина на турнеја во Америка со Лепа Брена.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Нов живот

Ова шоу целосно му го промени животот, а неговиот ментор Ѓорѓе Давид многу му помогна и да се откаже од својот порок.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Имено, неговиот ментор по еден од настапите на Јосифовски заплака, а потоа ги изненади сите со она што го откри за него.

Тогаш рокерот откри дека Јосифовски цело време додека се натпреварувал имал проблеми со алкохолот, па заминал на лечење. Тие ова го криеле од сега веќе покојниот Саша Поповиќ, а кога пред милионската публика ја изнесе вистината и дека Александар успеал да го победи порокот, сите беа изненадени.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Ова беше една од најемотивните сцени, а Александар пред камерите му се заблагодари на својот ментор за сé што тој направил за него.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button