Македонската Гранд ѕвезда ќе ја менува Цеца во шоуто? Победникот ги изненади сите со последната објава
Никола повторно ги изненади фановите

Победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, редовно се огласува на својот профил на социјалните мрежи.
Тој во изминатиов период имаше поприлично успешни настапи, а покрај својот победнички концерт во Скопје, се појави и како гостин на концертот на Цеца Ражнатовиќ во Крива Паланка и сите ги воодушеви.
На концертот и овој пат беше и Мики Секуловски, а како ова трио изгледаше заедно потсетете се тука.
Од друга страна на победничкиот концерт во Скопје беа дојдени и колегите на Никола од „Ѕвездите на Гранд“, но и новинарите од оваа продукција кои објавија дузина текстови за неговиот победнички концерт во главниот град на Македонија.
Впрочем Никола како победник во шоуто доби и целосна медиумска поддршка од страна на продукцијата, а овие нивни текстови подоцна беа пренесени и од другите медиуми, така што популарноста на Никола како победник во најгледаното шоу на Балканот се уште расте и надвор од нашите граници, за што сведочат и неговите настапи.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, тој и пред шуто не настапуваше само во Македонија, а како што самиот откри неодамна за Гламур (види тука), периодов работел напорно, така што снимал македонски, но и српски песни, па останува да видиме каде повеќе ќе го викаат, иако концертот во Скопје покажа колку народот во Македонија го сака и цени неговиот труд.
Никола пред концертот во Скопје цело време се сликаше со фановите и даваше изјава за медиумите, а потоа им приреди на граѓаните забава за паметење за која уште долго време ќе се зборува.
Како сето тоа изгледаше, потсетете се во продолжение:
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Инаку, Никола сега сподели и една фотографија, повторно од студиото во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Имено, Никола се сликаше покрај столчето на кое оваа сезона ќе седи Цеца, неговата менторка од претходната сезона.
Инстаграм/ Никола Станишиќ
Со оваа фотографија Никола им посака среќа на сите нови кандидати во шоуто, а во описот го напиша и следново:
„Јас денес ја менувам Цеца“, се пошегува Никола.
Како пејачот изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Никола Станишиќ