Македонската Гранд ѕвезда ја посвети оваа песна на НАЈВАЖНАТА ЖЕНА во неговиот живот (видео)
Кире ја воодушеви публиката и кога откри за кого ја пееше песната во популарното музичко шоу во кое победи

Кире Науновски по победата во „Никогаш не е доцна“ продолжи сериозно да работи на својата музичка кариера.
Неговиот успех во популарното музичко шоу покажа дека навистина не е доцна за ништо во животот што се сака од срце, а кога е музиката во прашање, неговата љубов кон неа е неизмерна.
Впрочем тоа го виде и публиката на неговите настапи на грандиозната сцена, па на крај благодарение токму на неа, Кире и победи.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Пејачот со својата посебна енергија и интерпретација на песните никого не оставаше рамнодушен, а неговите изведби во ова шоу и денес се вртат на социјалните мрежи и се слушаат во регионот.
Тоа посебно се однесува на неговите изведби на песните од починатиот Маринко Роквиќ кои Кире ги пееше генијално.
Фејбсук/ Кире Науноски
И како што самиот откри во една пригода, една од најубавите песни од Маринко тој не ја избра случајно, туку имаше посебна причина.
„Песната ја посветив на мојата сопруга. Таа ме поддржува, секој пат е со мене. Само во една емисија не беше дојдена, бидејќи не можеше заради работа, но тогаш тука беше мојот син“, изјави Кире тогаш.
Фејбсук/ Кире Науноски
Потсетуваме, Кире оваа година слави 15 години брак со својата сопруга Марија со која има две деца, Нино и Милан.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тој на социјалните мрежи често споделува фотографии од неговиот приватен живот, а во една пригода откри и како изгледал на неговата свадба, па со фотографијата ги воодушеви фановите.
Како Кире и неговата животна сопатничка изгледаа на почетокот од нивната љубовна приказна, потсетете се тука.