Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ја остави сопругата, па сега поторно ќе се жени?! Оваа дама го освои (видео)

Пејачот зборуваше отворено за својот емотивен живот

Advertisement

Наскоро повторно под олтарот?

Македонската Гранд ѕвезда, Александар Јосифовски, максимално е посветен на својата музичка кариера.

Тој вредно работи и надвор од Македонија и е еден од ретките наши музичари кои настапуваат и во Србија, а своевремено беше и на голема турнеја со Лепа Брена во Америка што е неверојатен успех за него.

Advertisement

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој своите пет минути слава ги искористи на најдобар можен начин, па цело време работи со полна пареа и својата верна публика ја изненадува со нови музички проекти како што е на пример и неговата последна рок балада во која што се појавува и неговата мајка, Елизабета.

Но пејачот не крие дека и во приватниот живот му се случуваат турбуленции, а ги изненади сите кога откри дека се разведува.

Advertisement

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Имено, Александар додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ беше во брак, но по осум години заеднички живот тој и неговата сопруга ќе донесат одлука да се разделат и секој да продолжи по својот пат.

И како што самиот пејач откри во една пригода, причината за тоа не била ниту љубомора, ниту пак неверство, туку едноставно повеќе не функционирале како пар и обострано донеле одлука за развод.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Неколку месеци подоцна, следуваше уште едно изненадување – Јосифовски откри дека повторно е вљубен.

И не само тоа…

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Имено, Александар во една емисија неодамна откри дека со новата девојка Ана започнале заеднички живот и изнајмиле стан во Белград, а со неа се појави и во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, кога победи пејачот Никола Станишиќ од Македонија.

Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој во емисијата на „Гранд“ сподели и дека новата девојка има одличен однос со неговата мајка и дека е како другарки.

Принтскрин/ Јутуб

Пејачот тогаш откри и дали неговата мајка, која инаку е позната фолк пејачка, би сакала да добие потомци.

„Не знам дали и кажа на Ана, но на мене не ми кажала дека сака да стане баба. Нејзината реченица е ‘Средете се, полека’. И ете, на некој начин сме и на почетокот да бидеме семејство, не знам. Инаку, сакав и како помлад да станам татко, но секогаш бегав од тоа, изјави тогаш Александар во емисијата „Није лако бити ја“ откривајќи дека не е исклучена можноста повторно да застане на лудиот камен.

Неговата најнова песна која што тој ја посвети на својата мајка, која се појавува и во самиот спот, слушнете ја во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button