Македонската „Гранд“ ѕвезда избра преубаво име за наследникот со силно и моќно значење (фото)
Оваа вест ги израдува неговите фанови

Ова име било и се уште е едно од најчестите имиња за машки деца кое отсекогаш го носеле големи и значајни луѓе во историјата…
Младиот пејач Филип Пецовски деновиве се оствари во најубавата улога во животот – стана татко.
Тој радосната вест ја сподели вендаш на социјалните мрежи, истовремено откривајќи го и името на својот наследник.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, неговата сопруга Марија роди машко дете на кои младиот брачен пар му избра прекрасно православно име.
Пејачот веднаш се огласи и ги сподели среќните вести откривајќи дека неговиот син ќе се вика Николај.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Името Николај е од грчко потекло изведено од „nike“ – победа и „laos“- народ., така што всушност значењето на името би било народот победува. Тоа е името на еден од најголемите христијански светители – Свети Никола, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…
Ова име било и се уште е едно од најчестите имиња за машки деца кое отсекогаш го носеле големи и значајни луѓе во историјата, затоа се смета за силно и моќно име.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Според горенаведеното личностите кои го носат ова име се победници, лица кои му носат победа на својот тим, народ, семејство.